Дваесетгодишна студентка од Универзитетот во Гленелг во Австралија освои дури 4,8 милиони долари на лотаријата.

Според медиумите, студентката за време на предавањата ја проверувала својата електронска пошта и така дознала за големата добивка. Премијата значи дека оваа девојка во наредните 20 години секој месец ќе добива по 20.000 долари.

„Не размислував за пораката, само кратко влегов и тогаш сфатив дека сум добитничка. Бев шокирана и не можев да реагирам, бидејќи бев на предавање. Тешко ми беше да се контролирам, затоа што сакав да врескам и да скокам од радост. Гледав во часовникот и чекав да заврши предавањето. Тоа беше највозбудливиот момент во мојот живот“, вели студентката кој посакала да остане анонимна, а пренесува „News.co.au“.

Како што рекла, дел од добивката ќе искористи за да купи куќа и автомобил за својата мајка, но исто така има намера обезбеди имот и за себе.

„Не можете да поверувате каква е оваа година за мене, ова е голема работа за моето семејство. Ова менува сè за нас“, вели среќната добитничка.

„Ќе ги завршам студиите на универзитетот, затоа што тоа е нешто што навистина сакам да го направам. Кога ќе се укинат рестриктивните мерки, би сакала да патувам. Сакам да патувам низ Австралија, но и да посетам некои странски земји“, додава 20-годишната студентка.

извор: Makfax