Жена од Лесковац на југот од Србија починала викендов во нејзината куќа откако била касната од стршен.

Србинката на возраст од 36 години собирала алишта на терасата од семејната куќа кога ја каснал инсектот, пренесува „Блиц“.

Жената умрела на самото место.

Сепак, нејзиното семејство се јавило во итната помош на амбулантата во Лесковац.

Соседите на младата жена велат дека трагедијата се случила околу 14 часот.

„Стршенот веројатно бил скриен во алиштата. Слушнав два-три врисоци додека минував по улицата и ништо повеќе“, изјавил еден од соседите.

Друг, пак, рекол дека станува збор за вистинска трагедија.

„Кога се вратив од продавница ми рекоа дека веќе ја нема. Ужас, овде вакво нешто досега не се случило“.

Жената зад себе остава мало дете и своите родители.

извор: Makfax