“Нашите биланси се направени до 30 април и до тогаш имаме обезбедено доволно струја така што нема да има потреба од зголемување на цените на електричната енергија во овој период”, рече првиот човек на ЕСМ, Панде Лазаров, одговарајќи на прашањето кога може да се очекува корекција на цените. Она што понатаму ќе се случува допрва ќе се види, бидејќи Македонија има цени на струјата далеку пониски од оние во регионов, така што ниту една компанија нема да биде заинтересирана за нашето ЕСМ, доколку во следниов двегодишен период не се “фати чекор” со она што е просек во Европа или во регионов.