Миење раце, ја дезинфиција на работна површина, носење маски… стана дел секојдневна рутина.

Сепак стручњаците предупредуваат дека постои една работа која ја носиме, а тоа можеби не треба.

Станува збор за накит кој оневозможува ефикасно миење на раце и дизинфекција. Првенствено тоа се однесува на прстени и нараквици, тврдат стручњаците.

Истражување спроведено на Универзитетот во Џорџија покажало дека лица кои носат накит неможат доволно добро да одржуваат хигиена бидејќи кожата под накитот останува заштитена од дизинфекција и станува идеално место за развој на бактерии. Освен тоа докажале, лица кои носат прстени треба подобро да ги мијат своите раце.

Сретствата за дизинфекција исто така се помалку ефикасни поради накитот. Истражувањата покажале дека лица кои носат прстени, по користење на дезинфекциски сртетства, имаат повеќе бактерии на рацете, од оние кои немаат накит. Исто така треба да се знае дека не е доволно само да се симне накитот за време на миење раце и дизинфекција.

“Ако вашиот накит е заразен со бактерии а вие го вратете после миење на раце, вашите раце повторно ќе бидат заразени. Ако не сакате да го дезинфицирате вашиот накит, тогаш не го симнувајте за повторно го носете“, рекла Луис Вилсон, стручњак за здравје која додава:

“Ако сепак сакате да го симнете накитот, стручњаците препорачуваат со миење на раце со сапун и топла вода измиете го и накитот за да бидете сигурни дека сте го дезинфицирале од сите бактерии. Никако не го миете со дезинфекциони сретства, така би можеле да го уништите накитот.