На 23.01.2020 во 14.00 часот, по преземени мерки и активности, во Полициската станица Струмица од слобода бил лишен малолетник од с.Просениково, кој на 22.01.2020 во 22.45 часот физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија по претходна пријава од 24-годишна жена дека ја допирал по телото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.