Сала “Јане Сандански”. Гледачи 200. Судии: Диковски од Скопје и Сарџовски од Битола. Резултат по четвртини: 23:9, 26:17, 23:6, 24:13. КИМИКО: Имамовиќ 14, Јовановска 5, Балазовска, Калановска 4, Џувер 4, Ќиров 24, Костојчиновска 1, Стојановска, Пешевска 12, Чаировиќ 11, Богословова 9, Милкова 12. И. К. МЛАДИНЕЦ : Стојановска, Акимовска 4, Латифовиќ 3, Кежаровска 2, Димовска 23, Ме. Фејзулаху, Георгиевска 5, Антиќ 4, Ми. Фејзулаху, Филиповска, Стојчева, Петковиќ 4. Продолжува доминацијата на Кимико на домашната сцена. И во купот. Стружанки третпат во низа го освоија пехарот на Кошаркарската федерација на Македонија, во игра во која немаа достоен противник во екипата на Изградба комерц Младинец. Младинките од скопската населба Драчево доста се трудеа, посебно Савица Димовска (постигна 23 поени), но беше осамена во борбата против многу поквалитетниот состав на Кимико, кој како целина дејствуваше многу покомпактно на сите позиции, за што впрочем зборува и крајната позитива од 51 кош. Претседателот и генералниот секретар на КФМ Даниел Димовски, односно Ѓорѓе Војновиќ го врачија пехарот и медалите на двете екипи, а признание доби и Тања Киров (Кимико) која беше прогласена за МВП играч на финалниот турнир од Купот.


Славчо ТРОШАНОВСКИ фОТО: В. Перковски