Во струшката полиција денеска било пријавено дека во каменолом лоциран на местото викано „Лабунишки ливади“ загинал 41-годишен маж од селото Долно Татеши.

Како што информираат од МВР, тој бил прегазен од камион кој се враќал наназад, а бил управуван од 36-годишен возач.

Повредениот починал на местото на настанот, а полицискиот увид е во тек.

извор: Makfax