x

Струга Трим Лум „раскина“ со Драгарски!

Христијан Драгарски не е повеќе фудбалер на Струга Трим Лум. Според  раководстото на прволигашот од Струга, искусниот стопер и Струга Трим Лум ја раскинале соработката. Од клубот велат дека тие му се заблагодаруваат на Драгарски и дека му посакуваат успех во понатамошната кариера.

Инаку Драгарски во Струга Трум Лум дојде од Победа, точно пред една година. Се разбира дека стружани сега ќе мораат адекватно да ја засилат стоперската линија, иако имаа таму квалитет со Арбен Тафе и Кисман Цаке.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата