x

Струга ТЛ го престави младиот талент од Косово

Како што објавивме пред неколку дена, Струга Трим Лум го договори Арлинд Шабани (19), младиот играч за врска од Косово. Арлинд е сметан за голем талент на косовскиот фудбал, поранешен играч на Кек и Трепча, кој во наредниот период ќе го носи дресот на нашиот прволигаш.

Раководството на струшкиот клуб денеска и официјално го престави младиот фудбалеркој игра на позиција офанзивен играч за врска, а член е на У-19 репрезентацијата на Косово.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата