x

Струга лесен тренинг за Е.Пелистер пред финалето

e

Е.Пелистер го завери местото во финалето на струшкиот турнир, откако очекувано беше подобар од домаќинот со 16-28 (9-16). За Жељко Бабиќ и неговите момци кои групната фаза ја завршија со три победи во исто толку натпревари денешниот натпревар беше полесен тренинг пред битката за трофејот против Вардар (европскиот првак игра веднаш по оваа средба со Бутел Скопје).

Битолскиот состав на полувремето имаше позитива од седум гола (9-16), а во исто темпо продолжи и по одморот. Пред самиот крај дојде до двоцифрено водство, со кое го заврши и овој дуел.

Струга со три порази утре ќе игра против Е.Пелистер 2 за седмото место на ова издание на традиционалниот меѓународен турнир.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата