Холандскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Кевин Стротман не може да крене глава од проблеми со повредите.

Одличниот играч за врска пред неколку месеци заработи тешка повреда на вкрстените лигаменти, но откако се рехабилитираше, повторно се пожали на болка.

Фудбалерот на Рома потврди дека денеска заминува на нова операција по што ќе следи пауза од неколку месеци.

Денеска одам на операција, со цел што поскоро да се вратам на терените. По најновите шпекулации околу мојата иднина, сакам да соопштам дека денеска повторно ќе ми биде извршен хируршки зафат на левата нога, што би требало да овозможи да можам да играм фудбал на највисоко ниво по минувањето на рехабилитациската програма. Тешко ми е што повторно пропуштам средби на Рома и на холандската репрезентација, но верувам дека повторно ќе можам да помогнам за што подобри резултати и на клубот за кој играм, како и на националниот тим” – порача Стротман преку своите профили на социјалните мрежи.