Повремените “мали дози на стрес” се неопходни за реактивирање на имунолошкиот систем, додека наспроти тоа, продолжениот стрес го слабее одбранбениот систем и доведува до болест. Стресот, современиот човек, не го добива по некој специјален пат, туку едноставно од самото живеење. Но, стрес во мала количина се препорачува како корисен. Суштината на одговорот се наоѓа во тоа што на нашиот организам добро му доаѓаат малку физички промени во мозокот и во телото. Секако, таквите промени може да ги предизвика и стресот. Поради тоа нашиот организам реагира со лачење на одделни хормони, кои автоматски предизвикуваат реакција кај другите. Но, стресот е и опасен и при зголемен стрес доаѓа до појава на умор, немир, депресија и несоница… Каде треба да се повлече границата? Тешко е да се каже. Стресот е прилично индивидуална работа и од нас зависи како ќе го дозирате. Битно е да сте свесни за фактот дека стресот е можно да се канализира и да се насочи во насока која нема да му штети на вашиот организам, сонот и биолошкиот часовник на организмот и да се обидете своите работни обврски никако да не ги нарушите. Деловните грижи се решаваат кога сте во канцеларија и исклучиво во текот на работното време. Во оној момент кога ќе се упатите дома, престанете да бидете загрижен деловен човек. “Изветрејте го” мозокот на пат до дома, каде по работното време треба да бидете опуштени и релаксирани. Без оглед дали станува збор за поголема или помала количина на стрес, обидетете се да не пушите. Прекинувањето на пушењето го забавува напредувањето на сите штетни процеси во вашиот организам.