На 25.02.2020 во 21.55 часот, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода К.Ѓ.(27) од Делчево поради тоа што, под дејстов на алкохол, физички ја нападнал неговата мајка, ја кршел
покуќнината во домот и се заканувал дека ќе ја убие неа и неговиот татко.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.