x

Страшно: Организаторот на СП 2022 ги враќал мртвите непалски мигранти во вреќи?

katar-stadion-1200x640-1

Цел фубалски свет едвај чека да започне СП во фудбал во 2022 во Катар, но од таму години нанзад, а посебно во последните недели доаѓаат страшни вести. Познато е дека организаторот на Мундијалот се соочува со критики за тоа како ги третира мигрантите кои всушност како општи работнци ги градат блескавите стадиони, но и и целата инфраструктура.

Последните “вести“ од Доха се ужасни. Извесен Ник МекГехан од организацијата за човечки права Fair/Square, истакна дека треба да се обрати посебно внимание околу високите бројки кои починале од Ковид-19, посебно кај мигрантите од Непал.

Имено според неговите зборови, наводно околу 70 непалски мигранти починале од коронавирус од јули до ноември, а надлежните во Катар во вреќи ги праќале мртвите во Непал.

Катар има ужасни податоци во врска со смртните случаеви и неговото одбивање да се постави адекватна заштита е непростливо. Зе тие проблеми се знае веќе извесно време“ вели тој.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата