Вистинска олуја синоќа го погоди грчкиот град Драма. Огромни парчиња град паѓаа, а тоа направи големи проблеми како кај жителите така и во сообраќајот. Ова досега никој не го памети, па така со багери морале да се разнесуваат заледените парчиња од снег и дожд.

Неколкумина жители останале заглавени во автомобилите, па морале да ги извлекуваат.