Вчера вечер околу 20: 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Скупи“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Ш.(38), Џ.Ш.(22), Џ.Ш.(43), Н.К.(22), А.К.(19) и С.К.(20), сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Во 16: 10  часот пак во СВР Скопје, Ф.А.(54) од Скопје пријавил дека околу 15: 20 часот, во угостителски објект на ул.„Прохор Пчински“, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 07: 20 часот во СВР Скопје, Д.Д.(47) од Скопје пријавил дека околу 07: 00 часот на ул.„Ѓорѓи Капчев“ В.Д.(42) од Скопје и Е.С.(51) од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Во 10: 30 часот во СВР Скопје, А.И.(33) од с.Стајковци, Скопско, пријавил дека околу 09: 45 часот на ул.„Перо Наков“ бил физички нападнат од С.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.