Една Германка била нападната од ајкула додека нуркала во Црвеното Море, а камерата снимила како предаторот и ги забил забите во рамото.Жената ја спасил инструктор кој дошол и ја избркал ајкулата, додека другите нуркачи тргнале да се враќаат на површината.

Германката имала голема рана на рамото, а завршила со неколку конци откако пристигнала во болницата. Експертите велат дека нејзиниот дебел костум за нуркање ја спасил од сериозни повреди.