x

СТРАШНО – Ариас ја скрши ногата и заврши во болница, сите плачеа на теренот (видео)

kolumbija

На мечот меѓу Колумбија и Венецуела во првото коло од јужноамериканските квалификации за СП 2020 се случи страшна повреда. Настрада колумбискиот играч Сантијаго Ариас во дуел со противничкото крило Дарвин Мачис. Венецуелецот го направи прекршокот и дури се бунеше кон судијата дека не направил ништо погрешно, но кога го виде противникот како вреска од болка му стана јасно дека ситуацијата е сериозна. Се фати за глава, а интересно и шокантно е што oстана во игра и не беше исклучен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата