Два проценти од средношколците на 16 години пробале опијат, покажала студијата направена на територијата на целата држава. Оттаму и податокот дека најмладиот корисник на дрога во Македонија е осумгодишно дете кое користи дрога со инјектирање. Исто така, има и многу помали деца кои „дишат“ лепак или други супстанци. Невладините велат, како што пренесува Скопјеинфо, дека состојбата е алармантна, a надлежните апелираат до родителите да не се срамат, туку да побараат помош за своето дете. 

Секој родител треба прво да си признае себеси, па да побара помош без срам. Инаку, овој проблем е доста комплексен, а младите по дрога најчесто посегнуваат од љубопитство, но и под влијание на средината во која што живеат.