x

Страшниот Левандовски го врати Баерн (М) на врвот во Германија (ВИДЕО)

bayer-bayern

Ако некој знае да реши меч тогаш тоа е тој – Роберт Левандовски. Најдобриот играч според ФИФА за 2020 година, со два гола, сам го реши дербито на врвот во Бундеслигата и му донесе победа на европскиот шампион на тешкото гостување во Леверкузен од 2:1 и ги симна „фармацевтите“ од лидерската позиција.

Иако со голот на Патрик Шик во 14. минута Баер (Л) тргна со водство од 1:0, Лева првпат погоди за израмнување во 43. минута, а по силниот притисок на крајот на мечот, во судиското надополнување погоди за победа од 2:1 која го врати баварскиот тим на гврвот на табелата.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата