x

Страшниот Дарбо го “мерка“ и Вардар, Шкупи го “мерка“ првото место на табелата!!!

darbo-nova

Попладнево на Арената се игра супер дербито меѓу Вардар и Шкупи. Меч од кој се очекува квалитет, акции, голови, а за ова последното секако дека е задолжен Дембо Дарбо, офанзивецот на чаирчани. Несомнено, заедно со Пепи Горгиев од Силекс, во изминатиот дел од сезоната првиот играч во ПМФЛ. Гамбиецот е во страшна форма, ги тресеше мрежите во сите четири меча во тековниот шампионат, со шест голови е првиот стрелец. На Шкендија и на Беласица и даде по два, Македонија ЃП и Пелистер минаа само со по еден.

Да, Вардар игра дома, засилен е со новите играчи, младиот тим на Васоски знае да одигра добро, но како ли одбраната на првакот ќе може да му одолее на страшниот Дарбо.

Останува да се види попладне од 16 до 18 часот на Арената во Скопје.

Кога сме кај традицијата кога играле овие две екипи, Вардар има многи подобар скор. Ако ги земеме в предвид меѓусебните мечеви меѓу Вардар и Шкупи, а да не ги сметаме оние кога играа Вардар и Слога Ј, тогаш “црвено – црните“ имаат 10 победи, седум пати мечевите завршиле без победник, а Шкупи има само три победи. Гол разликата е 28:17 за Вардар.

Да кажеме дека со победа и три бода, Шкупи ќе го запоседне врвот на табелата во ПМФЛ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата