x

СТРАШНА ГЛЕТКА – Тренер на чешка екипа загина во тешка сообраќајна несреќа

Жителите на Прага, главниот град на Чешката република, се вознемирија од информациите за страшната сообраќајна несреќа што се случила во нивниот град. Лукаш Бенцалик, тренер на локалниот рагби тим Прага Лајонс го загубил животот откако со својот автомобил удрил во зграда на една бензиска станица. Според полицијата, Бенцалик (31 година) сигирно возел меѓу 150 и 200 километри на час, а тоа е утврдено според силината на ударот по кој автомобилот е смачкан.

„Резултатите од аутопсијата ќе бидат познати за еден месец. Дотогаш не можеме да коментираме дали жртвата била под влијаение на алкохол, наркотични средства и слично“, велат од полицијата.

Лукаш Бенцалик е поранешен играч на Прага Лајонс, а сега и тренер на екипата. Во 2019 година тој ја освои шампионската титула во Чешка за првпат по 13 годишна пауза. Поради тоа беше миленик на спортските фанови во Прага.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата