По напорниот ден или лудата, целовечерна журка освен недостатокот на сон повеќ е од сигурно е дека ќе имате и видливи траги на лицето, како надуеност на подочниците, темни кругови на кожата, што за среќа не траат долго и можат лесно да се коригираат. Наједноставно решение е одмор во комбинација со блага масажа, но не се за занемарување ниту неколкуте мали трикови што помагаат да се сокрие уморот. -Напијте се аспирин и витамин Ц што ќе ви ја разбистри главата и ќе ве освежи. -Неколкуминутен ладен туш ќе ја подобри циркулацијата и дополнително ќе ве освежи. -Грицкањето свежи листови нане или магдонос ќе го неутрализираат мирисот на цигари, храна и алкохолни пијалаци. -Вашето лице повторно ќе заблеска со соодветна десетминутна масажа. Овие неколку совети се однесуваат на севкупната состојба на организмот, а единствено што ќе ви преостане е да се погрижите за вашите очи, затоа што без оглед на тоа колку изгледате свежо ако тие се уморни или црвени ќе се намали вашиот комплетен изглед. Во таа ситуација помагаат: капките за очи, влажните, претходно оладени ќесички од црн чај што ќе ги држите десетина минути, коцката мраз што ќе ги намали отоците, како и перничиња од вата натопени во ладен концентрат од чај од камилица што ќе ги смири иритираните црвени очни капаци. Постојат неколку видови подочници: привремени, се јавуваат како резултат на заморот на организмот и ко- жата и трајни, продукт на генетиката. Трајните во одредена мера можат да се отстранат, но со оглед на фактот дека конечно решение нема по с&”238; изгледа најдобро е да се навикнете на овој мал недостаток. Имено, темните кругови под очите се последица на контрастот на топлите бои на кожата и “синкастите” тонови под очите каде кожата е потенка. Личностите со посветол тен во просек имаат помалку проблеми со сенките под очите. Од голема помош во маскирањето на овие “недостатоци” можат да бидат разни корективни козметич- ки препарати, а во нивната изработка најчесто се употребува, на пример, ‘рскавицата од ајкула за која “наводно” е докажано дека влијае на состојбата на капиларите околу очите. Сепак, за да си помогнете, а притоа да не фрлате средства на препарати што се ефикасни единствено во рекламните спотови еве неколку испробани рецепти: Спијте на грб со две помали или една голема перница. На тој начин ќе овозможите крвта и останатите телесни течности во текот на ноќта да се симнат од подрачјтео на очите. Избегнувјате солена храна и алкохол, тие ја врзуваат течноста што прво се забележува околу очите. Стручњаците советуваат да не се прескокнува спиењето затоа што во текот на ноќта кожата има свој процес на обновување. Без доволно сон кожата под очите изгледа потемна. Ако имате проблеми со синусите или внатрешни девијации во носот санирајте ги затоа што се честа причина за темните и отечени подочници.