Медицинска сестра од Англија денес по трет пат е уапсен, но сега е подигнато обвинение дека е виновна за смрт на мноу бебиња во породилно во тек на 2015 и 2016 година, соопштила полицијата.

Од полицијата наведуваат дека жената повторно е упсена под обвинение за убиство на осум бебиња и обид за убиство на уште девет, во неонатално оделение во болица во Честер, јужно од Ливерпул.

Како што дознаваат медиумите, полицијата повторно подигнала истрага во сред не разјаснета смрт на бебиња во мај 2017. година. Детективите прегледале картони на 15 починати новороденчиња во 2015 и 2016. година за подоцна тој број да се качи на 17 смртни случаи и 16 повредени бебиња.

– Родителите на сите бебиња се во тек со истрагата и информирани се за најновиот развој на ситуацијата. Ова е многу тешко време за сите семејства и важно е да не се заборави дека бројните ожалостени семејства бараат одговори на прашањето што се случило со нивните деца – рекол Хјуз.