„FDI”, кои се состојат главно од прекугранични спојувања и превземања (M&A) и инвестиции во стартап проекти во странство, се показател за трендовите во глобалните процеси и идните трговски врски.

Оваа година се очекува тие да започнат да се зголемуваат делумно под влијание на порастот на цените на суровините и добрата состојба на активноста во производниот сектор, посочуваат „AFP”.

Според директорот на одделот за инвестиции и вложувања во „UNCTAD”, Џејмс Џен „се наоѓаме во тежок период”, кога „сè може да се случи”.

Глобалните директни странски инвестиции се проценуваат на вкупно 1,52 илјади милијарди долари во 2016-та година.

САД се најважната дестинација, па во текот на минатата година наваму се насочени 385 милијарди долари, што е зголемување од 1% во однос на 2015-та година. Велика Британија е на второ место со 179 милијарди долари, што е близу шесткратен раст, благодарение на трите големи трансакции. Кина е трета со 139 милијарди долари.

На географски план „FDI” се силно намалени минатата година во Европа (-29 отсто), во развиените региони на Азија (-22 отсто) и во Латинска Америка и Карибите (-19 отсто).

Во Африка речиси стагнираа (-5 отсто), но се зголемија во Северна Америка (+6 отсто) и со цели 38 отсто во земјите во транзиција. Силно е зголемувањето и во Јапонија и Австралија.