x

Страдаа лигаментите на Мбапе, тежок удар за ПСЖ!?

mbape-povreda

Страшна, хорор повреда на Килијан Мбапе, еден од најдобриот фудбалер на светот, на вечерашниот финален меч во Купот на Франција меѓу ПСЖ и Сент Етјен. Мбапе беше повреден од страна на Перин, и веднаш го напушти теренот. Првите информации од Франција велат дека страдале лигаментите на скочниот зглоб на Мбапе, па така го чека стриктно мирување. Ова значи дека ПСЖ ќе мора без својот најдобар фудбалер во Лигата на Шампините, која се игра во август.

Да се надеваме дека првичните прогнози и не се така црни.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата