Минатата недела околу 100 деца и воспитувачки се пожалиле на симптоми на труење од храна во градинка јужно од Сеул, а една третина од нив се хоспитализирани.

Сто деца и 18 воспитувачки од една градинка во градот Ансан покажале симптоми на труење со храна во периодот од 16 јуни, додека 31 од нив се хоспитализирани, претежно од децата, пренесе агенцијата „Јонхап“.

Лекарите спровеле понатамошни епидемиолошки испитувања, а се сомневаат дека масовното труење било предизвикано од храна која се служи во градинките.

Властите наредија затворање на градинката до крајот на овој месец.

извор: Makfax