Македонскиот репрезентативец и капитен на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов, има голема причина за радост и славење, бидејќи денеска стана татко.

Стоилов неодамна се ожени со неговата избраничка Деница која донесе на свет машко дете.

Радосната вест веќе се шири на социјалните мрежи, а репрезентативните колеги му честитаат на Стоилов.

Прв честиташе Дејан Манасков кој пред половина час преку својот профил на Инстаграм  ја откри убавата вест.