Пратеникот Бојан Стојаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска на расправа на Комисија за финансирање и буџет нагласи дека економската состојба во Македонија е загрижувачка, а власта се луксузира наместо да им помогне на граѓаните.

„И би сакал само да се осврнам на четвртиот сет на мерки. Не можеме да зборуваме за четвртиот сет, ако направиме компаративна анализа на претходните три сета на мерки. Заклучно со 30.06 јавниот долг е на ниво од 6.5 милиони евра, односно од први годинава, од почетокот на годината за само шест месеци сме се задолжиле милијарда евра и тоа е ноторен факт. Според Агенцијата за вработување сега имаме 150.000 регистрирани како невработени, активни баратели на работа наспроти 104.000 во јануари што јасно кажува дека бројот на невработени се зголемил галопирачки“, нагласи Стојаноски.

Стојаноски додаде дека трите сета на мерки на владата претходно воопшто не помогнаа, напротив само ја продлабочија кризата.

„А, денеска проструи една вест, а ја кажа и министерот имаме нов номинален износ на дефицитот на БДП, а тоа е наместо 8.4% е 8.5%. И друга работа јавниот долг наместо 59.5% сега е 60.3% што според стандардот на Мастрих, Македонија е високо задолжена земја“, потенцира Стојаноски.

Стојаноски посочи дека владата и покрај овие податоци продолжува Македонија да ја турка уште во поголеми долгови.