„Уставниот суд и однесувањето на Добрила Кацарска како потенцијален судија сака да се преклопи односно да стане едноличен од аспект на нејзиното однесување со цел да нејзиното поведение од овој суд каде што е сега да се пренесе во Уставниот суд, за да еве конкретно јас како граѓанин на Република Македонија или било кој граѓанин кој што ќе сака да ги оспори потенцијалните идни уставни измени или овие досегашните Зоран Заев секогаш да го има мнозинството во Уставниот суд“, истакна пратеникот Бојан Стојаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Што не е јасно“.

Стојаноски додаде дека истрага за зголемување на додатоци во плата на уставни судии треба да поведе ДКСК. Стојаноски потсети поради ваков сличен пример кога ДИК си ги зголеми додатоците, потоа мораа да си дадат оставка. Не може уставните судии да се ставаат над законите.

„Во македонското судство за жал може да напредувате само ако сте послушник на Зоран Заев, и само ако носите одлуки кои што немаат никаква врска со реалноста или со практиката во правосудството. Пресуди кои што ќе бидат бутнати во Стразбур, каде што силните судства на европските држави ќе ги оспоруваат, и каде што вашите одлуки ќе бидат изучувани нормално по негативно во еден од напознатите универзитети во светот, а тоа е универзитетот Колумбија, такви судии сака Заев. Лично сметам дека оваа условно кажано награда за оној главен џелат на Заев кој што осуди патриоти по 300 години, кој што осудува функционери за деликти за кои што сега се соочуваат секој ден е порака која што ќе биде отфрлена од оние чесни судии во Македонија, од македонското правосудство, заради тоа што треба да се сигурни дека одреден дел од овие вака донесени пресуди и од вака добиените награди ќе дојде време кога ќе дојде одговорноста. Ќе дојде време и кога ќе треба да ги објаснат тие напредувања и тое пресуди пред лицето на законот“, појасни Стојаноски.

Стојаноски рече дека не се сложува да Кацарска биде во Уставниот суд бидејќи има одлука од истиот суд и ги оспорува нејзините пресуди.

„Ние како опозиција ќе ги преземеме сите демократски методи оние кои што ни се дадени по Уставот, по законите и по Собранискиот деловник тоа да не го дозволиме“, нагласи Стојаноски.