За ова нешто што се случува ние алармираме веќе некое време наназад. Ова сега е само кулминација на така потпишаниот договор за меѓусоседство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Тој во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија истакна дека на ова ВМРО-ДПМНЕ алармираше веќе некое време наназад, дека кога се потпишува договор со некоја држава тој не треба да биде асиметриче, односно обврските треба да бидат превземени од двете страни.

„Уште кога се потпишуваа договорите, ние велевме дека треба да се внимава да не бидат асиметрични. Значи, ако превземаме одредена обврска, да гледаме да има одреден реципроцитет а не да преговараме авантуристички и егзибиционистички и да нудиме инструменти во рацете на одредени структури кои што се занимаваат со национализми во нашите соседи, со што ќе бидат пречка за нашиот пат кон Европската унија, рече Стојаноски.

Тој додава дека сега гледаме дека таквиот начин на водење политика и на потпишување на договори на Македонија сега и донесе вето од Бугарија и дека вчерашното интервју на премиерот Заев е е став на човек кој што е уплашен од нискиот рејтинг кој што го има во моментов.

„Еве гледаме дека тоа е реалност, дека тоа се случува, Македонија покрај тоа што до сега добиваше вето од Република Грција, сега доби вето од Република Бугарија. И тука морам да истакнам дека целото она однесување на Зоран Заев, на вчерашното интервју на БГНЕС, е само став на еден уплашен човек кој што е соочен со нискиот рејтинг во јавноста, соочен и со одговорноста која треба да ја понесе и за овие политики, но и за години на водење на Владата во изминатиот период“, истакна Стојаноски

Но, ова вето не е вето само на еден дел од граѓаните на Македонија, додаде Стојаноски, ова вето е на сите граѓани на Република Македонија, заради тоа што изминатите триесетина  години сите граѓани, без разлика на етничка припадност влжуваат, жртвуваат и даваа можност, даваа време, даваа од својот квалитет за оваа држава да биде интегрирана во  Европската унија и НАТО. И сега сме тука и сега сме на ова дереџе само поради неспособноста на тој човек кој што преговара по принципот, „Дајте што ќе дадете, јас ќе потпишам“.

„И покрај тоа што апелираше опозицијата, да каже зошто е потребно нов анекс или нов договор, тој првин тврдеше дека не се договорил, па тврдеше дека он не дава ништо дека не отстапува од црвените линии, за да вчера видиме како безкрупулозно, бесрамно се нуди да потпише договор, кој што дополнително ќе ги нарушат  македонските позиции.“, констатира Стојаноски.

ВМРО-ДПМНЕ е за добри односи со сите  соседи, тоа сме го кажувале секогаш и ќе се стрем,и кон тоа, вели тој и додава дека, и нашите соседи мора да ја почитуваат македонската посебност, дека сме посебна нација , дека ние имаме различна историја од таа нивната и дека ние говориме автохтон македонски  јазик.

„Ова прашање не е само прашање на граѓаните на Македонија со македонска националност, тоа е прашање кое што ги засега сите останати националности. Бидејќи, во она вчера што го кажа премиерот Заев ние можеме да видиме дека тој, не само што го денонцира влијанието на оние кои што ги дале животите , кои што не се само Македонци, тука се и истакнати албански дејци, како Нрџат Аголи кој што имале и функции во пост воена Македонија.“, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојаноски.