x

Стојановски и Ним остануваат во елитата, ПСЖ нема да биде шампион

Нови детали доаѓаат од Лига 1 и од Франција. Тамошната Влада соопшти дека сите спортски активности, вклучувајќи го фудбалскиот шампионат ќе бидат во мирување до август.

Добра вест за Македонија е што тимот на репрезентативецот, Влатко Стојановски, Ним ќе остане во елитата, во понискиот ранг се селат двете последно пласирани екипи, Амиен и Тулуз.

Јавноста очекува ПСЖ да биде прогласен за шампион, но тоа нема да се случи и покрај тоа што има доволна бодовна предност во однос на конкурентите.

„Ја почитуваме одлуката на француската Влада“, изјави првиот човек на Насер Ал-Келафи.

Тамошната федерација донесе одлука начинот на учество во Европските купови да биде одреден според табелата до прекинот поради коронавирус. Во Лига 1 се одиграа 27. кола.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата