x

Стојановски: Играме колективно, сплотени сме и можеме до добри резултати

v-stojanovski

Младиот напаѓач, Влатко Стојановски, денеска се појави на првиот тренинг на нашата репрезентација во пресрет на двомечот со Ерменија и Грузија. За очекувањата од овие два меча, нашиот интернационалец во Франција вели:

„За секој фудбалер е одлично чувството да бидеш дел од репрезентацијата на Македонија. Очекувам добри резултати на овие два натпревари. Оваа селекција игра колективно, сите се сплотени и мислам дека можеме да постигнеме добри резултати. Имавме предолга пауза, но секој работеше индивидувално. Очекувам дека сите ќе бидеме на висина на задачата“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата