x

Стох го „освои“ Енгелберг за 34. победа во Светскиот куп! (видео)

Полскиот ски скокач Камил Стох победи денеска на скокалницата во Енгелберг во Швајцарија и стигна до 34 триумф во Светскиот куп и втор на оваа патека после декември 2013 година.

Стох во првата серија имаше најдолг скок 138 метри, а во втората серија скокна 136 метри што беше доволно за прва победа сезонава (288.7 поени). Втор заврши Австриецот Штефан Крафт (287 поени), а трет Германецот Карл Гајгер (277.6 поени).

Топ 5 ги заокружија Јапонецот Кобајаши (274.1 поен) и Норвежанецот Мариус Линдвик (272.5 поени). Утре повторно се скока на истата патека.

Во генералниот пласман води Штефан Крафт со 356 бодови, Кобајаши има 340, а Гајгер 297. Стох во севкупниот пласман е на петтото место со 246 поени.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата