Гостувајќи на њујоршкото Ајконс радио, Ричардс најави дека бендот ќе снима прв студиски албум по „А Bigger Bang” од 2005 година.

Гитаристот на „Ролунг Стоунс”, чиј нов соло албум „Crosseyed Heart” ќе се појави утре, појасни дека минатата недела имал средба со Мик Џегер, Чарли Вотсон и Рони Вуд и дека се договориле да почнат со снимање на новиот албум по завршувањето на јужноамериканската турнеја.

Бендот, кој ова лето ја заврши турнејата низ Северна Америка, на почетокот на 2016 година ќе почне со концерти во Јужна Америка.