Стотици бриселски полицајци денеска објавија дека се болни за да информираат дека се незадоволни од условите за работа, во моментот кога во Брисел се одржува клучниот Самит за брегзит.

Дваесет отсто од 2600 полицајци во  областа Брисел-Капитал рекоа дека ќе бидат отсутни поради болест, што е повеќе од 500 од нив. Претходниот ден на боледување беа 15 отсто.

Соседниот полициски сектор каде што работат 585 полицајци, исто така се пожалија на проблемите поврзани со штрајкот што го започнаа три синдикати во понеделникот.

Протестите доаѓаат во време кога во Брисел се одржува дводневниот самит на Европската Унија, почнувајќи од вечерва, а потоа и средбата Европа-Азија утре и во петок.

„Во секој случај, самитот ќе се одржи, полицијата ќе биде присутна, разговараме за решенија”, рече Илзе Ван Де Кире, портпаролка на зоната Брисел-Капитал-Икел.

извор: Makfax