Германската полиција изврши рација во 20 куќи и компании во Берлин, поради сомнение за поврзаност со исламски тероризам.

Во рацијата биле ангажирани околу 450 припадници на полицијата, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Берлинското обвинителство објави на „Твитер“ дека се издадени 20 налози за претрес на 12 осомничени кои припаѓаат на исламистички групи и се осомничени за разни злосторства, вклучително и финансирање на тероризам.

извор: Makfax