Научниците предупредуваат на вознемирувачки феномени во Арктикот. Во последните две седмици, температурите во Сибир достигнаа рекордни 38 степени Целзиусови, како резултат на невиден топлотен бран, а таму избувнаа големи пожари во исто време, ослободувајќи огромни количини на јаглерод диоксид во атмосферата, што може да укаже на климатски слом.

И додека научниците за климатски промени размислуваат дали ваквите екстреми означуваат почеток на застрашувачка нова ера на значајни температури на Арктикот, планетата сè уште ја мачи коронавирусот, пренесува Independent.

Тие стравуваат дека светот би можел да се соочи со нова опасност во овој момент, истовремено прегревање на планетата и многу заразни болести.

Научниците велат дека брзото затоплување на крајниот север на Земјата може да „ослободи“ бројни вируси стари десетици, па дури и стотици илјади години, кои, затрупани длабоко во сибирското тло, веќе подолго време се во хибернација во замрзната состојба.

Поради забрзаното затоплување, а Арктикот се затоплува барем двојно побрзо од остатокот на светот, мразот кој се топи таму за прв пат од последното ледено доба, е со опасност да ослободи патогените кои современиот човек не ги сретнал.

Претпоставката дека бактериите можат да преживеат долго време е дефинитивно прифатена во научните кругови. Останува само прашањето – колку долго? Милион години? 500 000 години? 50 000 години ?, изјави Жан-Мишел Клавер, виролог од универзитетот Аик-Марсеј, за Гринпис

Тој рече дека „има екстремно квалитетно истражување кое сугерира дека бактериите од длабокиот век можат да се оживеат.

Шантал Абергале, вирусолог од истиот универзитет, вели дека е можно да оживеат вируси од стари примероци. Досега успеавме со тие стари 30 000 години

Бактериите претставуваат друга закана за човештвото. На пример, во 2016 година, епидемија на антракс во Западен Сибир уби стадо елени. Кога труповите одмрзнале во јуни, болеста заразила 23 лица.

Ако вирусот дојде во контакт со вистинскиот домаќин, тој ќе се реактивира. Значи, ако некое лице се најде меѓу замрзнатите вируси кои можат да станат пандемија, тој би можел да се зарази, да го копира вирусот и да започне нова пандемија “, заклучува Клавер.