Грција ја суспендира нострификацијата на дипломите од српските универзитети, откако беше откриено дека грчки државјани поседуваат фалсификувани потврди за завршен факултет во Србија, соопшти грчкото Министерство за образование.”Сите нострификации на дипломите од српските унивверзитети се стопирани додека не се расчисти случајот”, се наведува во соопштението, во кое се додава дека постои сомнеж оти во измамата со лажни дипломи се вклучени и вработени во Министерството, како и грчки универзитетски професори.