Стоп за порно во Арсенал
Поранешниот капитен на Арсенал, Тони Адамс, откри во интервјуто за англискиот печат дека револуцијата во тимот што ја направи менаџерот Арсен Венгер, започнала со забрана на фудбалерите да гледаат порно.
– Една од првите работи, што Венгер ги направи во Арсенал, беше да се погрижи фудбалерите да не можат да ги гледаат “оние платени канали” на телевизорите во хотелските соби, објасни 39-годишниот челичен дефанзивен играч, кој додава:
– Ако некој играч претера со гледање на порно, тогаш може сериозно да си наштети на физичката состојба.
Во моментов Адамс, кој мина 22 години во редот на “топчиите”, ја држи клиниката “Спотинг Ченс” во Липхук, Хемпшир. Тој ја создаде во 2000 година за спортисти зависници од алкохол и наркотици. Неговиот партнер е сер Елтон Џон и некогашниот негов соиграч Пол Морсон.