Генералниот скеретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му ја честита победата на Стево Пендаровски на претседателските избори што се одржаа вчера.

„Честитки Стево Пендаровски за победата на претседателските избори. Со нетрпение чекам да работам со вас за добредојде на Северна Македонија како триесетта членка на НАТО“, напиша Столтенберг на „Твитер“.

Честитка стигна и од министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли.

„Честитки за победата на Стево Пендаровски на претседателските избори во Северна Македонија. Граѓаните испратија силна порака дека го поддржуваат договорот од Преспа и евро-атлантската перспектива за државата. Ќе работиме заедно за да ги подобриме нашата цврсти пријателски врски со Никола Димитров“, напиша Пацоли.

извор: Makfax