„Процес“ од Кафка во многу лоша екранизација се случува во Куманово, каде Максим Д. си се снајде во улогата на Јозеф. К, а изгледаше дека ќе биде надживеан од срамот, вели Иван Стоиљковиќ, коментирајќи го случајот во Куманово во кој градоначалникот Димитриевски, најпрво беше позитивен, а потоа испадна негативен на коронавирусот.

Имено откако Димитриевски испадна позитивен на првиот тест следеа низа препукувања помеѓу него и централната власт, особено поради фактот дека после неговото тестирање се одржа состанокот на кризниот штаб каде присуствуваа и премиерот Спасовски, вицепремиерот Османи и министерот за здравство Филипче.

Препукувањата се засилија откако Димитриевски се тестираше на приватна клиника каде испадна негативен и сето тоа резултираше за да на крај тој тврди дека се работи за монитран случај против него.

„КУМАНОВО, 26.04.2020.

“ПРОЦЕС” од Кафка во многу лоша екранизација.

Максим Д. си се снајде во улогата на Јозеф К.

А изгледаше дека ќе биде надживеан од срамот. “ напиша на ФБ, Иван Стоиљковиќ