x

Стоилов е спортист на годината, одбојкарите најдобар колектив, специјална награда за Ѓоргиев

Капитенот на македонскиот, европскиот и регионалниот првак Вардар, Стојанче Стоилов е најдобриот спортист на Македонија за 2019 година, во изборот на Агенцијата за млади и спорт.

По вторпат во својата кариера македонскиот репрезентативец го крена европскиот трофеј во мај годинава во Келн, а претходно и регионалниот во Брест, кој за него и за клубот беше петти.

Стоилов кој годинава ги собра сите можни награди не се појави ниту на ова прогласување.

Машка репрезентација на Македонија е најдобриот спортски колектив за 2019 година. Одбојкарите премиерно настапија на едно Европско првенство и истото го завршија на 17. место.

Првиот човек на ОФМ, Петар Јовановски во друштво на капитенот Никола Ѓорѓиев ја примија наградата. Ѓорѓиев доби награда и за посебен придонес за македонскиот спорт, кој сезонава го претставува во Бундеслигата, како и во ЦЕВ Лигата на шампионите.

Женската конкуренција, каратистката Поликсенија Јовановска е најдобрата спортистка, ракометарките се избрани за најдобри во женска екипна конкуренција, додека РФМ одново е најдобрата Федерација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата