Портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција изјави дека Македонија, според нацрт-заклучоците од претстојниот Совет на ЕУ, нема да добие дата за отпочнување на преговори за членство во ЕУ.

Стоилковски рече дека премиерот Зоран Заев прокоцкал уште една година на Македонија.

„Зоран Заев знае дека тој не испорача тоа што од него бараа и Брисел и граѓаните. Не испорача работа, не испорача реформи. Зоран Заев прокоцка цела година на лаги, мактетинг, непотизам, корупција, криминал и на задолжување на државата“, изјави Стоилковски.

Од опозицијата му порачаа на Заев да престане со лагите и со барањето на вина вон себе.

„Собери ја свитата и замини си, веќе никој не ти верува“, рече Стоилковски.

извор: Makfax