Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своето утринско гостување на Алфа телевизија зборуваше за поскапувањето на струјата кое беше најавено од страна на владата на СДСМ. Имено тој говореше дека оваа влада ја поскапува цената на струјата за да има повеќе за во џебот на Заев додека државата е во рецесија и народот нема пари за леб.

-Ако ја рашириме приказната како завршуваат парите таму, како секогаш оваа мафија на власт бидејќи поинаков израз и не може да се даде бидејќи само во Македонија зборот влада и зборот мафија се синоними и се однесува на она што значи криминално работење. Овој период се покажа дека мафијата на власт единствено што направи е ја колабираше економијата и тоа го покажуваат сите параметри и ги задолжи граѓаните со околу 1 милијарда. Тие пари наместо да одат кон помош на граѓаните во овие  страшни времиња кој што ги предизвика корона вирусот  и сега на сето тоа плус се зголемуваат и енергенсите, истакна Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски посочи дека  оваа влада игра со цената  струјата и на тоа ако се додаде и зголемувањето на акцизата на горивата од три денари што ја постави оваа мафија на власт тогаш сериозно се удира по џебот на граѓаните бидејќи се поскапува животот со тоа што на  сите други производи им се зголемува цената. Според него оттука играта со цената на струјата  е игра врз џебот граѓаните.