Дизајнот на топката е инспириран од идеата “Победникот добива се”, а името на топката го одбраа влијателните луѓе од Франција. Во 2015 година , Адидас ги контактираше неои од највлијателните луѓе во светот на музиката, поп културата и модниот свет во Франција со цел да помогнат во бирање на името на топката, а се со цел компанијата да биде отворена за нови идеи. Името ја претставува неизвесноста и брзото темпо на нокаут фазата во која или се победува или се пакуваат куферите за дома.

Неизвесноста на вака големо натпреварување е отсликано и во сизајнот на топката, каде ексползијата на црвената и црната боја го претставуваат натпреварувачкиот период и возбудувањата кои ги носта натпреварите со висок влог. Ова е контрас на дизајнот на топката Бо Жу, со која се играат натпреварите од групната фаза, а беше претставена од Зинедин Зидан во Арената на Иднината, првиот дигитален фудбалски стадион во Париз, минатиот ноември.

За време 18 – месечната работа, Адидас во изработката на Фрака и Бо Жу топките гио презеде најдобрите елементи од Фразука со која се играше светското првенство во Бразил, во 2014 година, а внесе и неколку иновации.

Двете топки кои ќе го одбележат ЕП 2016 на играчите им даваат подобро фаќање и видливост во лет, а во развојниот процес двете топки се тестирани од Велшанецот Герен Бејл и Шпанецот Икер Касилјас.