Ѓукановиќ останува опасен сè додека успева да контролира поголем дел од полицијата. Важно е да да се остане со ладна глава и со постепени чекори, пред се со формирање на нова влада, без ДПС и уверување за малцинствата дека нема опасност од „Голема Србија“, потоа укинување на Законот за слобода на вероисповед …

Ова е мислењето на италијанскиот писател и автор на книгата „Одбрана на православието во Црна Гора“, Стефан Вернол, во врска со резултатите од парламентарните избори во Црна Гора.

– Верувам дека опозициските партии можат да се изјаснат како задоволни. Ова е првпат таткото-господар на државата, Мило Ѓукановиќ, да ги загуби изборите на таков политички јасен начин, а самото гласањето ги оцртува сценаријата што беа апсолутно неочекувани до неодамна – вели Вернол.

Ѓукановиќ е опасен се додека ја контролира полицијата

Вернол го поздравува потегот на лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ, кој објавувајќи крај на режимот, веднаш ги повика своите приврзаници на мир.

Дијалогот со Белград и Москва е неопходен

Сите мерки насочени кон бришење на српскиот идентитет и култура во Црна Гора мора да бидат откажани како симболичен надомест за прогонот претрпен во последните децении.

– Важно е да не бидете жртви на провокации и да избегнете да му дадете изговор на Ѓукановиќ за употреба на насилство во овој период. Моделот сè уште мора да биде модел на мирни верски литии кои што ги видовме последните месеци во Црна Гора. Запошна процесот на промена од доба во која доминираат корупцијата и измамата и повеќето луѓе копнеат по тоа. Потребно е веднаш да се отвори канал за дијалог со владите на Белград и Москва. Црна Гора е потенцијален скапоцен камен поради своите природни ресурси и географската положба и не заслужува да се продаде оставајќи ја во рацете на претходната владејачка класа – заклучува Вернол.