x

СТИГНА ПРВА ПОНУДА: Манчестер Ј. понудил 25 милиони евра за Кулушевски

Манчестер јунајтед, наводно, доставил понуда вредна 25 милиони евра за играчот од средниот ред на Аталанта, Дејан Кулушевски.

Македонецот со шведски пасош во моментов е на позајмица во Парма, а официјално е фудбалер на Аталанта. За него во последно време се кршат копјата меѓу најголемите европски фудбалски гиганти.

Пред неколку дена пишувавме за интересот кој Интер го има за Кулушевски, а денеска стигна и оваа вест на британски „Дејли Стар“.

Покрај „црвените ѓаволи“, интерес за 19-годишниот фудбалер има и уште еден англиски гигант – Ливерпул. Европскиот шампион во неколку наврати праќа свои скаути да ги следат настапите на Клушевски во Италија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата