x

СТИГНА ПОТВРДА ОД Ф1: Од следната година ќе се вози ноќна трка во Џеда

jeda-f1

Раководството на Формула 1 денес објави дека трката за Големата награда на Саудиска Арабија ќе влезе во шампионатот од следната сезона.

Како што е наведено, таа ќе биде ноќна, улична трка во Џеда, во ноември. Тоа ќе биде прва трка на Формула 1 во Саудиска Арабија.

„Возбудени сме што ја пречекуваме Саудиска Арабија во Формула 1 за сезоната 2021 и го поздравуваме нивното соопштение по шпекулациите во претходните денови. Саудиска Арабија е земја која забрзано станува центар на спортот и забавата, по бројните големи спортски настани таму во претходните години, и ние сме среќни што трката во Формула 1 ќе се одржи таму следната сезона“, рече претседателот на Формула 1, Чејс Кери.

Саудиска Арабија ќе биде трет домаќин на трките во Формула 1 на Блискиот исток, по Бахреин и Абу Даби.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата