Каралот на народната музика Шабан Шаулиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа во Германија кога на автомобилот во кој бил Шабан налетал пијан германец со голема брзина.

Полицијата, спрема наводи на вклучените во случајот на Шабан потврдиле дека автомобилот во кој се наоѓал пеачот успорил поради ситуацијата на патот, а друг автомобил директно налетал на нив, со што удриле во банкина.

Против германецот, кој го предизвикал удесот, по службена должност кривично ќе се гони.

Кога станува збор за медицинската помош, дадена на Шулиќ, докторката која го водела тимот, како дознава Танјуг, рекла дека Шаулиќ сам излегол од возилото, бил свесен, зборувал, но не го разбирале бидејќи зборувал на српски, но сватиле дека се жалел на грлото и дека состојбата му се влошила.

Поради подготовка за транспорт, лекарите спрема германските медицински стандарди, му дале сретство за смирување и го внеле во хелихоптер.

Според проценката на докторите тој бил најтешко повреден со што е префрлен во најдобро опремената клиника во Билефелд, додека останатите двајца со возило на брза помош префрлени се во други две болници.

Надлежните од клининиката тврдат дека Шаулиќ ја добил најдобрата можна услуга на брзата помош во Германија, која вклучува превоз со хелихоптер и цел тим на лекари.

Во болницата стигнале околу осум часот наутро, и после реанимацијата морале да го отворат градниот кош каде што констатирале дека пукнала аортата, што медицински е невозможно да се санира.

Во неделата во 10 часот и 25 минути Шаулиќ починал, пишува во протокот.

Лекарите сметаат дека појасот во автомобилот од силен удар се затегнал на тоа место, каде што дошло до пукање на аортата. Докторката која го предводела медицинскиот тим за целокупниот протокол на спасување, дала своето мислење и на полицијата.